Кина уапси професор кој го критикуваше Си Џинпинг за коронавирусот

Од:

Кинеските власти уапсија професор по право, кој објави есеј во кој го критикува претседателот Си Џинпинг и мерките на владата во борбата борба против коронавирусот, како и напорите на шефот на државата да ја консолидира власта.

Ова го објавија пријатели на притворениот научник, кои ги информирале светските агенции.

Сју Џангрун, кој е редок критичар на кинеската Влада во исклучително цензурираните академски кругови, бил одведен од неговиот дом во предградие на Пекинг од страна на повеќе од 20 лица, објаснил еден од неговите пријатели.

Сју во февруари објави есеј во кој ја обвинува културата на заблуда и цензурата, што ја спроведува Си во врска со ширењето на коронавирусот во Кина.

Професорот од Цингуа Универзитетот, еден од врвните универзитети во Кина, во 2018 година се изјасни против укинувањето на ограничувањата на претседателските мандати.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски