Кина: Средбата Путин-Трамп позитивно ќе влијае на глобално ниво

Од:

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунинг изјави дека Кина позитивно ја оценува вчерашната средба помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.

-Големо внимание му посветивме на тој настан. Кина ја поздравува средбата помеѓу Путин и Трамп – лидери на две држави кој имаат големо влијание врз целиот свет. Се надеваме дека таквиот политички дијалог позитивно ќе се одрази на мирот и развојот на глобално ниво, посочи Хуа.

Таа додаде дека дури е можно и понатамошно приближување на ставовите меѓу Москва и Вашингтон, како и на успешно развивање на кинеско-руските пријателски врски.