Кина седми ден по ред има повеќе од 100 случаи, градовите започнаа со масовно тестирање на населението

Од:

Кина денеска забележа повеќе од 100 нови случаи на коронавирус, што е седми ден по ред бројот да е трицифрен во однос на новите случаи. Заразени се 118 лица, што е зголемување во споредба со понеделникот, кога имало 109, соопшти кинеското Министерство за здравство.

Меѓу новозаразените, 43 се регистрирани во Jилин, нов дневен рекорд за градот во североисточната провинција и 35 во провинцијата Хебеи, која го опкружува Пекинг, соопшти Националната здравствена комисија, објави Ројтерс.

Кинеската престолнина евидентира еден нов случај, додека Хајлонгџијанг, на северот на земјата, регистрира 27 заразени.

Во последниве денови, милиони луѓе се „под клуч“, а некои градови во северна Кина започнаа масовно тестирање на населението, поради загриженост дека неоткриените инфекции можат многу брзо да го шират вирусот за време на кинеската Нова година, која доаѓа на 12 февруари.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски