Кина се залага за итен прекин на огнот во Газа

Од:

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, синоќа претседаваше со состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Израел и Газа, на која посочи дека меѓународната заедница мора под итно да дејствува со цел да се спречи влошување на состојбата, информира денеска Кинеската медиумска група (ЦМГ).

Ванг Ји на онлајн состанокот на Советот за безбедност изјави дека ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Палестинците предизвика голем број жртви, вклучувајќи и смрт на жени и деца, и дека ситуацијата е крајно критична и тешка.

-Како одговор на сегашните тензии, Кина се залага за прекин на огнот како моментален приоритет. Таа остро ги осудува актите на насилство врз цивилите и уште еднаш ги повикува двете страни во конфликтот веднаш да ги запрат воените и непријателските активности. Израел мора особено да се воздржи, рече Ванг .

Тој посочи дека итно е потребна и хуманитарна помош.

-Меѓународната поддршка е обврска. Советот за безбедност мора да преземе ефикасни мерки во врска со палестинско-израелскиот конфликт, да повтори силна поддршка за „решението за две држави ” и да ја смири ситуацијата, рече Ванг.

„Ги повикуваме САД да преземат соодветна одговорност, да заземат фер став и да го поддржат Советот за безбедност во извршувањето на својата должност за намалување на тензиите, обнова на довербата и решавање на ситуацијата“, додаде Ји, за кого „решението за две држави е крајно решение “.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала