Кина сака да воведе нови царини на американките производи

Од:

Кина сака да воведе нови царини на американскиот увоз во вредност од 2,4 милијарди долари во спорот околу субвенциите покренати пред Светската трговска организација.

Во спорот, кој започна во 2012 година, Кина и се пожали на Светската трговска организација за царините кои Вашингтон ги воведе за да ги олесни ефектите од наводните кинески субвенции за претпријатијата во државна сопственост.

Арбитрите на Светската трговска организација утврдија дека американските царини не се согласно меѓународните трговски прописи и Вашингтон ги прилагоди.

Кина потоа изрази незадоволство од прилагодените американски царини и Светската трговска организација потврди дека Вашингтон не ги применил адекватно нивните претходни пресуди. Според прописите на Светската трговска организација, Пекинг сега може да одговори со воведување царина на американскиот увоз.

На почетокот од следната недела, Светската трговска организација ќе го разгледа кинескиот предлог за воведување царина на увоз на американската стока во вредност од 2,4 милијарди долари. Конечната одлука за вкупната вредност на американската стока, на која Пекинг може да воведе царина, ќе ја донесат арбитри на Светската трговска организација.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски