Кина: САД да престане да му продава оружје на Тајван

Од:

Министерството за надворешни работи на Кина денеска соопшти дека ќе преземе неопходни чекори за да ги сочува суверенитетот и безбедноста. Соопштението уследи откако САД одобрија дополнителна продажба на оружје на Тајван во висина од 2,4 милијарди долари.

– Кина им порача на САД да прекинат со продажба на оружје на Тајван, за да не се влошат односите помеѓу двете велесили,изјави денеска портпаролот на кинеското Минисетрство за надворешни работи Ванг Венбин.

Претходно, Стејт департментот објави дека одобри евентуална продажба на 100 крајбрежни одбранбени системи „Харпун“ за Тајван, кои ги произведува „Боинг“, а вредноста на договорот изнесува 2,37 милијарди долари.

Таквиот потег доаѓа неколку дена откако Стејт департментот одобри и продажба на уште три системи за вооружување за Тајван, вклучувајќи сензори, ракети и артилерија, чија вкупна вредност би можела да изнесува 1,8 милијарди долари, што ја предизвика Кина да се закани со санкции.

Кина вчера соопшти дека ќе воведе санкции за „Локид Мартин“, Боинг дифенс“, „Рајтеон“ и други американски компании вмешани во продажба на оружје на Тајван.

Ваквите акции на САД се случуваат во момент кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп го зајакнува притисокот врз Кина пред претседателските избори на 3 ноември и кога се зголемува загриженоста поради намерите на Пекинг кон Тајван.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана