Кина: САД да го запрат „екстремниот притисок“ врз Иран

Од:

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји денеска изјави дека Пекинг е „многу загрижен“ поради состојбата во Персиски Залив и ги повика сите вмешани страни да ги намалат тензиите.

– Ги повикуваме сите страни да останат разумни и да бидат воздржани и да не преземаат чекори кои би воделе кон интензивирање на напнатоста во регионот и да не ја отвораат Пандорината кутија, посочи Ванг.

Неговиот апел посебно е насочен кон САД.

– САД треба да ги сменат своите методи на екстремен притисок. За какво било еднострано однесување нема основа во меѓународното право. Тоа би создало дури и поголема криза, наведе Ванг.

Тој се осврна и на иранскиот нуклеарен договор, посочувајќи оти тоа е единствен пат за решавање на нуклеарното прашање и го повика Иран на разумност.

– Се надеваме дека Иран е внимателен во донесување на одлуките и оти нема лесно да се откаже од Договорот, истакна Ванг.

Тензичните односи помеѓу Вашингтон и Техеран се зголемија откако на 13 јуни во Омански Залив експлодираа еден јапонски и еден норвешки танкер. САД за нападите го обвини Иран, а Техеран демантираше каква било вмешаност во инцидентот.

Техеран вчера објави дека наскоро ќе ја надмине границата на иранските резерви на збогатен ураниум, одредена со Договорот од 2015 година, чија цел беше ограничување на иранските нуклеарни капацитети.

Таквата одлука уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година ги повлече САД од Договорот и воведе нови санкции кон Иран. Техеран минатиот месец предупреди дека ќе започне збогатување ураниум на повисоко ниво доколку светските сили во рок од 60 дена не ја заштитат иранската економија од американските санкции.

Пентагон синоќа објави дека испраќа околу илјада војници и воена опрема на Блискиот Исток како одговор на „заканата“ од Иран.

– Одобрив префрлање на околу илјада војници за одбранбени цели поврзани со закани од воздух, море и копно на Блиски Исток, изјави вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шанахан,.

Според него, Вашингтон не сака конфликт со Иран туку сака да ги заштити американските интереси во Персиски Залив.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски