Кина потврди дека уапсила 12 граѓани на Хонг Конг

Од:

Кинеските власти денеска потврдија дека уапсиле 12 граѓани на Хонг Конг за наводен обид за илегално преминување во Тајван минатиот месец.

Тие се обиделе да го направат тоа по море, во чамци, а Министерството за надворешни работи на Кина ја окарактеризира таа група како сепаратисти.

Уапсени се 12 лица на возраст меѓу 16 и 33 години и биле задржани во принуден кривичен притвор, во согласност со кинескиот закон за нелегално преминување на границата, објави Бирото за безбедност во Шенжен во јужна Кина, додавајќи дека групата е уапсена на 23 август.

Минатиот месец, властите потврдија апсење на 12 лица осомничени за поврзаност со антивладините протести од минатата година.

Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи на Твитер вчера објави дека уапсените не се демократски активисти, туку лица кои се обидуваат да го одвојат Хонг Конг од Кина, што според законот за безбедност на Хонг Конг се смета за незаконско и обид за отцепување, субверзија, тероризам и договарање со странски сили.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала