Кина по најавата за олеснување на ковид мерките: Ќе продолжиме да се прилагодуваме

Од:

Кина ќе продолжи да ги прилагодува мерките за контрола на Ковид-19 бидејќи се обидува да го минимизира бројот на инфекции и сериозни случаи, изјавија денеска кинеските власти, еден ден по ненадејните најави за олеснување на строгата политика на нулта толеранција кон коронавирусот.

Властите ги објавија потезите, кои беа поздравени од финансиските пазари.

Олеснувањето на мерките вклучува пократки карантини за патниците во Кина и оние кои биле во близок контакт со заразени лица. Изолацијата е скратена на осум дена, при што првите пет треба да се поминат во централизиран карантински објект.

Строгите мерки на Кина ја забавија втората по големина економија во светот, ја нарушија индустриската активност и ги налутија граѓаните со заклучувањата-карантините, како и чести тестирања и ограничувања за патување.

„Како што продолжуваат да се појавуваат нови варијанти на вирусот, како што се продлабочува нашето знаење за болеста и се менува епидемиолошката ситуација и дома и во странство, не ја исклучуваме можноста за понатамошно оптимизирање и прилагодување на нашите карантински мерки“, рече Ванг Липинг истражувач во Кинескиот центар за контрола и превенција на болести.

Мерките ќе ги намалат „тесните грла“ вклучително и недостигот на соби за карантин и работници за следење контакти, рече на прес-конференција Леи Хаичао, заменик директор на Националната здравствена комисија.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала