Кина одржува нови воени вежби во близина на Тајван

Од:

Кинеската армија соопшти дека денеска одржала нови воени вежби во близина на Тајван, во мигови кога група американски пратеници се во посета на Тајпеј каде се сретнаа со тајванската претседателка Цаи Инг-вен.

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина објави дека вежбите се „остро средство за одвраќање на Америка и Тајван кои продолжуваат со политички игри да го поткопуваат мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“.

Кинеското Министерство за одбрана посочи дека посетата на американски претставници на Тајван го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.

Во соопштението на Пекинг уште еднаш се предупредува дека употребата на Тајван како средство за контрола врз Кина е осудено на неуспех.

Претходно овој месец Кина спроведе големи воени вежби во областа околу Тајван, по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајпеј.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски