Кина најавува контрамерки за САД во случај на дипломатски бојкот на ЗОИ

Од:

Американските политичари треба да престанат да повикуваат на дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг за да се избегне нарушување на билатералните односи. Кина ќе преземе „контрамерки“ доколку е потребно, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се очекува оваа недела да објави дека претставници на американската влада нема да присуствуваат на Олимписките игри во Пекинг во 2022 година, јави Си-Ен-Ен.

Оние кои повикуваат на бојкот се „егоцентрични“ и треба да престанат да го прават тоа „за да не влијаат на дијалогот и соработката меѓу Кина и САД во важни области“.

– Ако САД инсистираат своеволно да се придржуваат до својот курс, Кина ќе преземе решителни контрамерки, соопшти денеска портпаролот на кинеското МНР.

Дипломатскиот бојкот не значи дека спортистите нема да се натпреваруваат на Игрите.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски