Кина ја засилува политичката шпионажа против Берлин

Од:

Шефот на германската контраразузнавачка служба стравува дека Кина ги проширува своите шпионски активности против Берлин.

-Кина развива широки активности за шпионажа и влијание. Мораме да бидеме подготвени дека тие ќе се зголемат во наредните години, во интервју за Велт ам Зонтаг изјави Томас Халденванг, шеф на германската Канцеларија за заштита на уставот (СЗК).

Тој предупреди дека економската зависност од Кина може да се искористи за да се изврши политичко влијание.

– Кина следи долгорочна стратегија за да ги постигне своите цели, рече Халденванг.

Политичкото раководство веќе ја користи својата економска моќ, која е и резултат на интензивните односи со германската и европската економија, за да ги реализира политичките цели.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас