Кина: Ја зајакнуваме стратешката соработка со Русија

Од:

Кина е подготвена да ја зајакне соработката со Русија во мултилатералната рамка, вклучително и Г20, му рече кинескиот заменик-министер за надворешни работи Ма Жаоксу на рускиот амбасадор во Кина, Андреј Денисов.

На состанокот одржан вчера, Ма му рекол и на Денисов дека Кина е „подготвена да ја зајакне стратешката координација со Русија и да ја прошири практичната соработка на различни полиња“, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, а пренесува Ројтерс.

Кинеските и руските претставници се сретнаа на Светскиот форум за мир што се одржа во Пекинг. На тој форум, американскиот амбасадор во Кина тврдеше дека „руската војна во Украина е најголемата закана за светскиот поредок“.

Би можело да ве интересира

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски