Кина ја поддржува Владата на Хонг Конг во носењето на Законот за екстрадиција

Од:

Кина денеска објави дека ќе продолжи да ја поддржува владата на Хонг Конг да донесе закон за екстрадиција, додека повеќе од милион луѓе протестираат против законот, според кој осомничените би можеле да бидат испратени на судење во нивната матична земја, Кина.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, на прес-конференцијата рече дека Пекинг го поддржува законот за екстрадиција.

Претседателката на Владата на Хонг Конг, Кери Лам, денеска објави дека постапката за усвојување на предлогот за овој закон за екстрадиција ќе продолжи. Таа истакна дека механизмите за заштита ќе бидат инкорпорирани во контроверзниот закон со цел да се заштитат човековите права. Исто така, таа потенцираше дека нема намера да поднесе оставка.

Најголемиот протест во изминативе декади во Хонг Конг доцна синоќа заврши со немири, кога стотици демонстранти се обидоа да ги пробијат полициските барикади за да дојдат до седиштето на Владата. Полицијата користеше солзавец и палки за да ги разбие демонстрантите. Судирите, кои траеја околу 30 минути, завршија после полноќ.

Се проценува дека на вчерашниот протест на улиците излегле околу милион луѓе.

Хонг Конг била британска колонија од 1842 г, сѐ додека суверенитетот не бил пренесен на НР Кина во 1997. За време на Втората светска војна од 1941 до 1945 бил под јапонска окупација, за повторно да го запоседнат Британците. Управуван е како специјален административен регион под Основниот закон за Хонг Конг. Под условите на кинеско-британската заедничка декларација, НР Кина вети дека Хонг Конг ќе има релативно голем степен на автономија до 2047, педесетина години од трансферот на суверенитетот. Според политиката „една држава, два система“, Хонг Конг ќе го задржи својот правен систем, валута, царинска политика, културно и трговско претставување, меѓународните спортски тимови и имиграциските закони, со тоа што НР Кина, односно централната влада во Пекинг, ќе го претставува Хонгконг дипломатски и воено.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски