Кина ја осуди изјавата на Бајден за американско бранење на Тајван при кинеска интервенција

Од:

Кина денеска ја осуди изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, дека САД ќе го бранат Тајван во случај на кинеска интервенција.

Пекинг го осуди, како што наведе портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг, „сериозното прекршување“ на дипломатските ветувања на Вашингтон.

– Ова е сериозно прекршување на важните обврски на САД да не ја поддржуваат независноста на Тајван. Тоа испраќа погрешен, сериозен сигнал (за поддршка) на сепаратистичките сили што водат кампања за независност на Тајван, изјави таа.

Во интервју за Си-би-ес, на прашањето „дали Американците би го бранеле Тајван во случај на кинеска инвазија“, Бајден одговори со „да, доколку би дошло до напад без преседан“.

Бајден нагласи и дека „не го охрабрува“ островот да прогласи формална независност.

– Тоа е нивна одлука, додаде американскиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел