Кина испраќа борбени авиони на воена вежба со Тајланд

Од:

Кинеските воздухопловни сили ќе испратат борбени авиони на заедничка воена вежба со Тајланд, потврди Министерството за одбрана на Кина, јавува Анадолија.

Во соопштението се наведува дека кинески борбени авиони и бомбардери ќе учествуваат во вежбата „Falcon Strike“, која ќе започне утре во Тајланд.

Во вежбата, која ќе се одржи во кралската воздухопловна база Удорн на северот на земјата, во близина на границата со Лаос, „ќе се спроведуваат тренинзи во областа на воздушна поддршка, напади на копнени цели, мал и голем транспорт на трупи“.

Вежбата следува по кинеските воени вежби што се одржаа околу Тајван, откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети островот.

Вежбите спроведени во шест региони, со учество од воздух, копно и море, создадоа де факто блокада околу островот. Во средата Кина објави крај на воените вежби во близина на Тајван.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски