Кина инвестира 20 милијарди долари во петрохемиски комплекс

Од:

Кина инвестира 20 милијарди долари во петрохемиски проект во провинцијата Шандонг, во рамки на напорите за зајакнување на инфраструктурната потрошувачка, со цел да се поддржи економијата погодена од пандемијата на новиот коронавирус.

Проектот за рафинерија со капацитет од 400.000 барели дневно и за фабрика за етилен со капацитет од три милиони тони годишно во градот Јантаи, во провинцијата Шандонг, кој е центар на независните преработувачи на нафта, бил предложен пред повеќе години, но е одложен поради кинеските проблеми со вишокот капацитети за рафинирање.

Кинеската Национална комисија за развој и реформи, државен орган надлежен за планирање, вчера даде прелиминарно одобрение, што и овозможува на провинцијата Шандонг да започне со планирање на изградбата.

Приватната топилница за алуминиум Шандонг Наншан Груп, со седиште во Јантаи, ќе биде главен инвеститор со речиси 20 милијарди долари, а меѓу останатите инвеститори се и хемиската групација Ванхуа и покраинската влада на Шандонг.

Со проектот наречен Јулонг, дополнително ќе бидат зајакнати инвестициите во кинеската петрохемија, чиј предводник е приватниот сектор, привлекувајќи ги светските гиганти како што се германскиот БАСФ и американскиот Ексон Мобајл да вложуваат во изградба на комплекси во Кина, која е најголем светски потрошувач и увозник на петрохемиски производи.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски