Кина и Иран им порачаа на САД: Оставете го својот народ да дише

Од:

Кина и Иран денеска го осудија расизмот и полициската бруталност во САД.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работио Џао Лиџијан изјави дека протестите во повеќе американски градови уште еднаш покажуваат на расна дискриминација во САД, на сериозни проблеми од насилните полициски мерки и на итноста за решавање на тие проблеми.

Тој го спореди насилството во САД со минатогодишното насилство во Хонг Конг, како реакција на ширењето на влијанието на Пекинг.

Џао истакна дека одговорот на САД на демонстрациите против полициската бруталност е „училишен пример на нивните двојни стандарди“ што ги применуваат во светот.

– Зошто САД ги третираат како херои заговорниците на насилство и така наречената независност на Хонг Конг, а ги нарекуваат бунтовници тие што го осудуваат расизмот, посочи Џао.

Тој додаде дека Кина се надева оти САД ќе ги зачуваат и гаранитираат правата на етничките малинства.

И Иран денеска ја повика Владата и полицијата на САД да го запрат насилството врз сопствениот народ во реакцијата на протестите што избија по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата.

– До американските претставници и полицијата. Запрете го насилството против сопствениот народ и дозволете да дише, изјави портпаролот на иранското Минисетрство за надворешни работи, Абас Мусави.

Тој испрати и порака до Американците, во која истакнува дека „светот стои зад нив“.

– Смртта на Флојд предизвика протести ширум САД, но и во светот откако беше објавена снимка како полицаец со колено го притиска Флојд на вратот речиси девет минути, додека тој предупредува дека не може да дише.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски