Кина и ЕУ разговарале за коронавирусот, Хонг Конг и трговските односи

Од:

22-та по ред лидерска средба меѓу ЕУ и Кина се одржа денес преку видеоконференциска врска, а разговорите, иако во тешка атмосфера, биле плодни, соопшти денес Европската унија.

На дневен ред биле сите најважни актуелни теми меѓу двата блока: состојбата со коронавирусот, но голем дел од разговорите биле посветени на трговските односи, кои ЕУ ги оценува како нееднакви и небалансирани.

„Не е остварен посакуваниот напредок во однос на бариерите за пазарен пристап. Мора итно да се навратиме на ова и сакаме поголема амбициозност од страна на Кина за склучување на заеднички инвестициски договор,“ посочи претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.

ЕУ смета дека ваква спогодба треба итно да биде склучена за да се усогласат правилата на трговијата и инвестициите меѓу двете страни. Но, за тоа е потребно Пекинг да покаже поголема транспарентност во однос на сопствеништвото на претпријатијата, како и околу субвенциите,“ порача ЕК на прес-конференција во Брисел.

Пред неколку дена Европската Комисија предложи да се воведат нови правила со кои ќе може да се спречи субвенционирањето на фирми на европска територија од страна на трети земји како Кина.

Фон дер Лајен на прес конференцијата потсети и дека ЕУ “добро знае“ кој стои зад “зголемените дезинформации“ на интернет и им порачала на кинеските власти дека “ова не може да се толерира“. Истото важи и за кибер нападите врз клучните европски структури забележани во последните месеци.

„Видовме напади врз компјутерски системи, болници…Точно знаеме кое е нивното потекло, истото важи и за дезинформациите,“ рече шефицата на Европската Комисија.

 

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје