Кина ја лансираше најновата ракета-носач

Од:

Кина денеска првпат успешно ја лансираше својата најнова ракета-носач „Долг марш 5Б“ од сателитскиот лансирен центар Венчанг, во јужниот дел од земјата, објави кинеската државна телевизија.

Според Кинеската канцеларија за вселенско инженерство, „на 5 мај во 18 часот по локално време од космодромот Венчанг во Кина е лансирана ракетата-носач „Долг марш 5Б“ со пробна верзија на вселенско летало и прототип на капсула за враќање на товарот“, се наведува во извештајот.

Околу 488 секунди подоцна, прототипот на вселенското летало заедно со пробната верзија на повратната капсула успешно се одвои од ракетата и стигна до предвидената орбита, а мисијата е успешно завршена, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кинески медиуми: Кина нема да ја дозволи американската „кражба“ на ТикТок

А1он

САД може да ги протераат сите кинески новинари, тврди уредник од Кина

А1он

Евакуација на населението во источна Кина поради тајфунот Хагупит

Ана Ололовска

Трамп ќе преземе мерки против кинеските компании, размислува и за забрана на „Тик Ток“

А1он

Кина испраќа медицински персонал во загрозениот Хонг Конг

А1он

Во Кина 49 новозаразени со коронавирусот

А1он