Кина ги негира обвинувањата за геноцид во Синџијанг

Од:

Министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји вчера пред Советот за човекови права на Обединети нации изјави дека Ујгурите и другите малцинства во Ксинџијанг имаат верска слобода и работнички права.

Тој истакна дека во регионот има „социјална стабилност и силен развој“ и четири години не се забележани терористички напади.

Ванг истакна дека во Ксинџијанг има 24.000 џамии и припадниците на сите етнички групи имаат работнички права/

– Овие основни податоци веќе покажуваат дека никогаш не се случил геноцид, присилна работа или задушување на верските слободи во Ксинџијанг. Таквите подбуцнувачки обвинувања се производ на незнаење и предрасуди, тие се злонамерни и политички мотивирани и не можат да бидат повеќе невистинити отколку што се, посочи Ванг.

Американска администрација на Џо Бајден минатиот месец го поддржа ставот на претходниот претседател Доналд Трамп дека Кина извршила геноцид во Ксинџијанг и оти поради тоа може да сноси сериозни последици.

Додека активистите и експертите на ОН тврдат дека најмалку еден милион муслимани Ујгури се затворени во логори во западниот дел на Кина. Пекинг тврди дека во камповите се одвива обука за занаетчии.

Би можело да ве интересира

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски