Кина бара укинување на сите санкции против Авганистан

Од:

Пекинг бара укинување на сите санкции против Авганистан, како и меѓународна хуманитарна поддршка за земјата, јави ДПА.

За време на денешниот онлајн, специјален Самит на Г-20, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји истакна дека Г-20 мора да го почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Авганистан.

Г-20 треба „да дозволи авганистанскиот народ да одлучи за својата судбина“, рече тој. Шефот на кинеската дипломатија потенцираше дека секоја земја треба да избере сопствен развојен пат.

– Наметнувањето идеологија и воена интервенција за мешање во внатрешните работи само ќе доведе до постојани турбуленции и тешка хуманитарна несреќа, рече Ванг.

Тој ја повика меѓународната заедница да се справи со Авганистан „на рационален и прагматичен начин“, велејќи дека на таа земја треба да се помогне, со цел да се изгради „инклузивна политичка структура“ и да се развие рационална внатрешна и надворешна политика.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала