Кина бара прекин на воените дејства на Турција во Сирија, САД со „моќни“ санкции поради турската офанзива

Од:

Кина бара прекин на воените дејства на Турција во Сирија, САД со „моќни“ санкции поради турската офанзива

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп овласти економски санкции против Анкара за „брзо уништување на економијата на Турција ако лидерите на земјата продолжат по овој опасен и деструктивен пат“.

Во Пекинг сметаат дека Анкара треба да се врати кон политичко регулирање на сириската криза, и е против тоа меѓународните прашања да се решаваат со помош на сила.

Во соопштението се додава дека територијалната целовитост на Сирија треба да се почитува. Пекинг смета дека дејствата на Турција можат да придонесат кон наплив на тероризам на Блискиот исток.

Американскиот претседател Доналд Трамп пак синоќа потпиша указ за воведување „моќни“ санкции против Турција.

-Санкциите се против сегашни и поранешни официјални лица на Владата на Турција и против сите кои учествуваат во дестабилизирачките активности во Сирија. Покрај тоа, царините за увоз на челик ќе бидат повторно зголемени до 50 отсто, до нивото пред нивното намалување во мај, се вели во синоќешното соопштение на Белата куќа.

Се додава дека администрацијата во Вашингтон ги запира трговските преговори со Анкара за можен трговски договор во износ од 100 милијарди долари.

-Указот овозможува на САД да воведат моќни дополнителни економски санкции за сите инволвирани во сериозни прекршувања на човековите права, непочитување прекин на оган, спречување на раселените да се вратат дома, принудно враќање бегалци во своите земји, или претставуваат закана за мирот, безбедноста и стабилноста во Сирија.

Се додава дека Указот овластува широка палета од забрани со бројни последици како финансиски санкции, блокирање на сопственост и забрана за влез во САД.

Би можело да ве интересира

Моралес: САД ми понудија авион за бегство од Боливија

Блумберг ќе потроши 100 милиони долари во реклами против Трамп

Кипар тврди дека Турција го прекршува меѓународното право при потрагата по нафта и гас

Од Истанбул депортирани 40.000 бегалци

Почна вториот ден распити за отповикувањето на Трамп

Руски хеликоптери и војници распоредени во поранешната американска база во Сирија