Кина бара од САД итна примена на договорот со Северна Кореја

Од:

Кина ги повика денеска САД итно да преземат конкретни чекори за применување на договорот постигнат со Северна Кореја во текот на минатогодишниот самит во Сингапур.

– Ги охрабруваме Северна Кореја и САД да изработат остварлив патоказ за воспоставување траен мировен режим и да доведат до реализација на комплетна денуклеаризација на Полуостровот, изјави шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји.

На почетокот на месецов севернокорејски функционери предупредија на можен „божиќен подарок“, нагласувајќи дека на администрацијата на Трамп и истекува времето за спасување на нуклеарните преговори, а Вашингтон треба да избере каков „божиќен подарок“ сака да добие од Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски