Ким одбележа 67 години од завршување на Корејската војна

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска ги посети националните гробишта и на воените официри им додели трофејно оружје по повод 67-годишнината од завршување на Корејската војна.

Државната новинска агенција КЦНА објави дека Ким ги посетил Гробиштата на мачениците од татковинската ослободителна војна во предградието на Пјонгјанг, каде се погребани загинатите во Корејската војна и положи една роза на споменикот.

Во 1953 година потпишано е примирје помеѓу Северна и Јужна Кореја, но мировниот договор се уште не е потпишан, поради што двете држави и понатаму се во војна.

Ким на офицерите им додели комеморативни пиштоли „Паекустан“, наречени по светата планина во Северна Кореја.

Севернокорејскиот лидер во саботата прогласи карантин во пограничниот град Каесонг и воведе вонредна состојба, откако објави дека во земјата е регистриран првиот случај на Ковид-19. Според официјалните информации заразен Севернокорец, кој пред три години пребегнал во Јужна Кореја, на 19 јули се вратил во Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

Се огласи Северна Кореја по бегството на војникот Тревис Кинг