Ким Џонг-ун свика итен состанок на партијата

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун свика средба на високо ниво на владејачката Корејска работничка партија, на кој ќе се разговара за стратешкото планирање во наредните месеци.

Состанокот на Централниот комитет на партијата започна вчера во Пјонгјанг, во момент кога земјата се соочува со големи економски предизвици поради меѓународните санкции, природните катастрофи и прекините на снабдување поради пандемијата на Ковид-19.

Детали за тоа што ќе се разговара на форумот на високо ниво не се соопштени, ниту пак колку дена ќе трае. Централниот комитет е водечкото тело на партијата, предводено од Ким Џонг-ун.

За време на неговите состаноци, Ким често издава нови безбедносни директиви или ја појаснува својата позиција околу односите на Пјонгјанг со САД и Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Путин му подари автомобил на Ким Јонг-ун

Ким Џонг-ун истрела крстосувачка ракета од подморница

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он