Киев: Русија регрутира жени од казнените колонии

Од:

Руските сили во Украина регрутираат осуденици од казнените колонии во окупираните региони на Украина за да помогнат во нивните воени активности, се вели во извештај на украинската војска.

„За да ги надомести загубите во работна сила, непријателот се обидува да привлече осудени жени да учествуваат во војната. За една недела окупаторите регрутираа околу 50 жени од казнената колонија на градот Снижне, во привремено окупираната област на Доњецката област. Добивме информација дека тие се испратени на обука на територијата на Руската Федерација“, се наведува во извештајот на украинската војска, пренесен од „Скај Њуз“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ноќ на руски терор против Украина

Жесток руски напад на неколку украински градови

ВИДЕО: Загина австралиски војник кој се бореше во Украина

Доказите сугерираат дека Путин не успеал да обезбеди билатерално партнерство без ограничувања со Кина

ВИДЕО: Украина со поморски дронови нападна руски бродови на Крим

Катерина Павлова-Николовска

Руски музичар кој го критикуваше Путин падна низ мраз на река и почина