Киев помилува двајца руски војници и ќе ги размени со украинскиот пилот Надја Савченко

Од:

Украинската Влада ги помилува двајцата руски заробеници за да ги замени за украинскиот пилот Надја Савченко, а за таа цел украинскиот претседател Петро Порошенко полета за рускиот град Ростов на Дон, каде треба да се изведе размената, јави Танјуг.

Руските агенци наведуваат дека во авионот заедно со Порошенко се наоѓаат и двајцата руски заробеници.

Савченко во Русија е осудена на 22 години затвор за учество во убиство на двајца руски новинари.

Таа ќе биде заменета за двајцата руски државјани, Јевгениј Јерофеев и Александар Александров, кои суд во Киев во април ги осуди на 14 години затвор заради терористички активности.
И Јерофеев и Александров, за кои Киев тврди дека се руски војници, ги негираат злосторствата за кои се осудени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Седумгодишно момче предизвика пожар во трговскиот центар „Космополитен“ во Киев

Горан Наумовски

Кличко: Експлозии на периферијата на Киев

Киев: Западот мора да ни каже колку долго ќе трае поддршката

ВИДЕО: Спречен напад на Киев

ВИДЕО: Нови напади на Киев, сирени за воздушна опасност низ цела Украина

Катерина Ѓуровски