Киев огорчен поради изјавата на Марин Ле Пен за Крим

Од:

Украинското Министерство за надворешни работи изрази огорченост поради изјавата на кандидатот за претседател на Франција на екстремно десничарскиот Национален фронт, Марин Ле Пен, дека анексија на украинскиот полуостров Крим од страна на Русија „не е илегална”.

Како што јави ТАСС, во својата реакција изјавите на Ле Пен, Министерството ги нарече „непочитување на соверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“. 

– Слични изјави и активности што го нарушуваат украинското законодавство, задолжително ќе имаат последици како што веќе беше случај со одделни француски политичари, на кои им беше забрането да ја посетуваат Украина, стои во соопштението. 

Украинската служба за безбедност веќе испратило писмо до Министерството за надворешни работи во врска со забраната за влез на Марин Ле Пен во земјата.

Се очекува одлуката за забраната да биде донесена уште денеска.

Марин Ле Пен во интервју за телевизијата БФМ ТВ изјави дека анексија на украинскиот полуостров Крим од страна на Русија „не е незаконска”. 

– Јас апсолутно не верувам дека постои илегална анексија. Имаше референдум, народот на Крим сакаше да и се приклучи на Русија, истакна лидерот на екстремнодесничарската партија.

Стратешкиот полуостров во Црното Море беше анектиран од страна на Русија во март 2014 година, по воената интервенција, по што следеше референдум за приклучување кон Русија, кој беше оценет како илегален од страна на Киев и на Западот.

Ова анексија ја предизвика најголемата тензија меѓу Западот и Русија по завршувањето на Студената војна. Во знак на одмазда, САД и Европската унија воведоа серија економски санкции кон Москва, кои се уште се во сила. Франција во рамки на санклциите ја поткажа продажбата на двата веќе завршени носачи на хеликоптери од типот Мистрал на Русија.

Ле Пен во интервјуто, исто така, повика и на воспоставување на „стратешки односи“ меѓу Франција и Русија во рамки на борбата против групата Исламска држава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Седумгодишно момче предизвика пожар во трговскиот центар „Космополитен“ во Киев

Горан Наумовски

Кличко: Експлозии на периферијата на Киев

Киев: Западот мора да ни каже колку долго ќе трае поддршката

ВИДЕО: Спречен напад на Киев

ВИДЕО: Нови напади на Киев, сирени за воздушна опасност низ цела Украина

Катерина Ѓуровски