Киев нема да дозволи гласање за руската Државна дума во Украина

Од:

Претседателот на Украина Петро Порошенко побара од министерот за надворешни работи Павел Климкин да ја информира Москва дека на територијата на Украина за граѓаните на Русија нема да можат да бидат одржани избори за руската Државна дума, закажани за 18 септември, соопшти прес секретарот на украинскиот претседател Свајатослав Цеголков.

Причините поради кои не се дозволува изборниот процес Киев не ги објасни, пренесува Спутник.
Заменикот министер за надворешни работи на Русија Григориј Карасин изјави дека Москва од Киев очекува официјално објаснување за ваквите наводи во медиумите.

Членот на руската Централна изборна комисија Василиј Лихачев изјави дека на територијата на Украина е предвидено да се отворат четири изборни места, во Киев, Харков, Одеса и Лавов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Седумгодишно момче предизвика пожар во трговскиот центар „Космополитен“ во Киев

Горан Наумовски

Кличко: Експлозии на периферијата на Киев

Киев: Западот мора да ни каже колку долго ќе трае поддршката

ВИДЕО: Спречен напад на Киев

ВИДЕО: Нови напади на Киев, сирени за воздушна опасност низ цела Украина

Катерина Ѓуровски