Киев го усвои сите закони за амнестија во рамките на договорите од Минск

Од:

Украина ги усвои сите закони за амнестија во рамките на договорите од Минкс и ќе почнат да се спроведуваат по изборите во Донбас, јави РИА Новости повикувајќи се на информација од Министерството за надворешни работи на Украина.

Амнестијата може да се применува само по изборот на легитимни органи на власта во окупираните територии, односно после обновување на суверенитетот на Украина, рече заменик министерот за надворешни работи Василиј Боднар. Одлука за применување или неприменување амнестија ќе донесува суд.

На амнестија не подлежат лицата кои се прогласени за виновни за злосторства кои меѓународното право дефинира како воени. Амнестија нема да има и за лицата поврзани со падот на малезискиот „Боинг“.

Самопрогласената Народна Република Доњецк и Луганската Народна Република во повеќе наврати изјавија дека бараат целосна амнестија за учесниците во конфликтот во Донбас.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Нов воздушен напад во Луганск

А1он