Кери со пофалби за лидерите на ЕУ, поради договорот помеѓу Србија и Косово

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денес на граѓаните на ЕУ им го честиташе Денот на победата, 9-ти мај, а посебно упати благодарни зборови до лидерите на Унијата за нивното допринесување во постигнување на договор помеѓу Косово и Србија за нормализација на односите.

Ќе продолжиме да бидеме партнери на Балканот-истакна Кери во пораката која што е пратена во име на претседателот на САД, Барак Обама.

Тој, како што пишува во соопштението на Стејт департментот, истакнал дека визијата на Роберт Шуман за обединување на Европа, се уште создава мир на тој континент и промовира демократски и слободни вредности ширум светот.

Државниот секретар на САД додаде дека тоа е признаено и минатата година кога Нобеловата награда за мир и беше врачена на ЕУ.

-САД и ЕУ делат исти вредности, а минатата година заедно работеа на создавање сигурен, демократски и просперитетен свет-стои во пораката.

Кери покрај односот на Србија и Косово, го спомнал и пружањето хуманитарна помош на раселените во Сирија и јакнење на граѓанскиот сектор во Египет.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана