Кери Лам одбива да поднесе оставка, протестите продолжуваат

Од:

Првиот човек на извршната власт во Хонгонг, Кери Лам, денеска изјави дека нема да поднесе оставка заради антивладините протести и денешниот генерален штрајк.

Хонгконг е „на работ на многу опасна ситуација“, предупреди таа, наведувајќи дека моменталните протести се водени од прикриени мотиви што им се закануваат на просперитетот и безбедноста на овој полуавтономен кинески град.

-Не верувам дека во овој момент мојата оставка или на некои мои колеги ќе донесе подобра ситуација, рече Лам на прес конференција.

Таа кажа дека како шеф на извршната власт ја презела одговорноста за проблемите во градот и дека е одлучна да ја реши целата ситуација, пренесуваат американските медиуми.

Во текот на викендот во градот повторно имаше протести, што доведоа и до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Демонстрантите утринава ги блокираа возовите и ги повикаа работниците на генерален штрајк заради што е отежнат сообраќајот во градот, а откажани се и стотици летови од аеродормот во Хонгконг.

Во Хонгконг, град што минува низ најсериозната криза од 1997 година, кога делумно беше вратен во владеење на Кина, веќе два месеца траат протестите, што повремено прераснуваат во судири со полицијата.

Би можело да ве интересира

Се подаруваат 500.000 авионски карти

Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Први парламентарни избори во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Ландов

Новогодишни протести во Хонгконг