Казахстански олигарх уапсен во Франција

Од:

Казахстанскиот бизнисмен Мухтар Аблјазов, кој е обвинет за присвојување на шест милијарди долари од неговата поранешна банка, беше уапсен го близина на Ница во јужна Франција и се наоѓа во притвор. Абјазов денеска треба да се јави пред суд.

Мухтар Аблјазов е поранешен казахстански министер и претприемач. Тој избега од Казахстан во 2009 година, откако неговата банка беше конфискувана од Владата и прогласена за инсолвентна. Тој доби политички азил во Велика Британија во 2011 година.

Во јуни неговата сопруга и шестгодишната ќерка беа откриени во Италија и депортирани во Казахстан, што предизвика повици за оставка на италијанскиот министер за внатрешни работи, Анџелино Алфано, кому на 19 јули сепак не му беше изгласана недоверба.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден