Католичката црква призна сексуалнa злоупотребa на 3.000 деца во Франција

Од:

Најмалку 3.000 деца биле жртви на сексуална злоупотреба на свештеници на Католичката црква од 1950 година наваму, соопшти посебна комисија формирана за да ги истражи злоупотребите. Комисијата нагласува дека е можно реалниот број на жртвите да биде многу поголем.

Претседателот на Комисијата, Жан-Марк Саув, изјава дека прелиминарните бројки сугерираат дека околу 1.500 свештеници и други црковни службеници биле вклучени во сексуално малтретирање на децата.

Комисијата беше формирана пред една година на барање на француските бискупи, по серијата случаи на педофилија што ја потресоа Црквата во Франција и пошироко.

На посебно отворена линија за жртви биле регистрирани 5.300 повици во текот на изминатата година, изјави Саув преку видео-конференција.

Бројот на проценети жртви претставува повеќе од 40 случаи годишно во просек во последните седум децении.

„Длабоко сум убеден дека има многу повеќе жртви,“ рече Саув.

Повикот за сведоци е продолжен до 31 октомври и истрагата на црковните архиви продолжи откако беше суспендирана за време пандемијата со новиот коронавирус.

Комисијата предводена од Саув, висок државен службеник, вклучува правни експерти, доктори, историчари, социолози и теолози.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден