„Катимерини“: Филип Рикер нов помошник државен секретар на САД

Од:

Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рикер е новиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, објави грчкиот весник „Катимерини“, без при тоа да е наведен изворот на информацијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчкиот весник, Рикер доаѓа на местото на Вес Мичел, а должноста ќе ја преземе во март.

Рикер е роден во Пенсилванија, а својата младост ја поминал во неколку делови од САД, како и во Австралија. Дипломирал на Јеил во 1986 година, а магистрирал на Тандербирд Факултетот за меѓународен менаџмент во 1991. Оженет е за Солвеи Џонсон Рикер, која исто така е член на Форин Сервисот. Освен англискиот, Рикер течно ги зборува македонскиот, италијанскиот, унгарскиот и германскиот јазик.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски