Катар вети 60 милиони долари за гасовод до Газа

Од:

Катар денеска вети 60 милиони долари за изградба на гасовод за природен гас од Израел до Појасот Газа со цел да се стави крај на енергетската криза во областa.

Планот е природниот гас од наоѓалиштето Левијатан, со кое управува Шеврон во источниот дел на Медитеранот, да тече низ постојниот гасовод до Израел, а оттаму до Газа преку предложеното ново продолжение.

Палестинскиот премиер Мохамад Штаијех го поздрави ветувањето и рече дека гасоводот „целосно ќе го реши проблемот со електрична енергија во Газа“.

Сумата што ја вети Катар ќе биде наменета за продолжување на гасоводот од израелска страна.

Европската унија соопшти дека ќе го финансира гасоводот од страната на Газа.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

Орце Костов

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

„Почна да се пука, фрлаа гранати, беше многу лошо“: Кумановката Марица расплакана го раскажа стресот од војната

Орце Костов

„Енерџи прес“: До крајот на месецов Грција ќе го објави тендерот за изградба на интерконекторот со Северна Македонија