Катар ќе и ја предаде Сириската амбасада во Доха на опозицијата

Од:

Опозициската Сириска национална коалиција денеска соопшти дека очкува Катар да им го предаде објектот на Амбасадата на Сирија во катарскиот главен град Доха.

– Катар  донесе одлука да му ја предаде зградата на Сириската амбасада на Низар ал-Хараки, амбасадор на Националната коалиција на сириските револуционерни и опозициски сили во Доха, се наведува во соопштението.

Ал-Хараки (51) е еден од лидерите на бунтот против режимот на сирискиот претседател Башар Асад во градот Дара, на југот од Сирија.

– Знамето на револуцијата ќе се вее над зградата на Амбасадата, се нагласува во соопштеението на Коалицијата, без да се прецизира датумот на предавањето на објектот.

Сириската национална коалиција  беше формирана лани во ноември и досега е призната од повеќе земји, меѓу кои е и Катар.

МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град