Катар го отфрли обвиненијата дека поддржува организации кои се поврзани со тероризам

Од:

Катар денеска ги отфрли како неосновани обвиненијата, кои се наведени списокот, што го објави Саудиска Арабија и нејзините сојузници.

На спискот се наведени лица и организации поврзани со тероризам, за кои се тврди дека ужуваат поддршка од Доха.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин вчера го зајакнаа притисокот врз Катар бидејќи, според нив, се меша во внатрешните работи на соседите и поддржува и финансира исламистички групи.

Четирите земји објавија црн спосок со имиња на 59 физички лица и 12 правни лица, кои се поврзани со тероризам и имаат поддршка од Доха.

На списокот се лидерот на организацијата Муслимански браќа Јусеф ал Карадави и добротворните фондации „Катар чарити“ и „Ејд чарити“.

Меѓу наведените 18 Катарци, кои го финансираат тероризмот има бизнисмени, политичари, високи членови на владејачката династија, вклучувајќи го и поранешениот министер за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Саудискиот гигант Арамко е цел на компјутерски напад, хакерите наводно бараат 50 милиони долари

Жарко Настоски

Египет ги олеснува рестриктивните мерки за туристите

Ана Ололовска

Саудиска Арабија сака заедно со Италија да го организира Светското првенство во 2030 година

Жарко Настоски

Египетски суд дозволи да се пушти бродот што го затна Суецкиот канал

Жарко Настоски

Саудиска Арабија ослободи две активистки за женски права

Ана Ололовска

Во Багдад средба на лидерите на Египет, Јордан и Ирак

Ана Ололовска