Каталонските сепаратисти склучија договор за формирање регионална влада

Од:

Двете главни сепаратистички партии во Каталонија склучија договор за поделба на власта во оваа немирна шпанска покраина, со што завршија расправиите што траеја повеќе од три месеци по регионалните избори во февруари, јавија денеска шпанските медиуми, пренесе ДПА.

dobivaj vesti na viber

Економски моќната Каталонија е длабоко поделена по прашањето за барање независност од остатокот на Шпанија – потег на кој жестоко се спротивстави Мадрид.

Договорот за коалиција го објавија левичарската републиканска партија ЕРЦ и либерално-конзервативниот Јунтс Кат, наведуваат шпанските весници „Ла Вангуардија“ и „Ел Паис“.

ДПА пренесува дека регионалната влада треба да ја предводи Пере Арагонес од РКЕ. Радикалното левичарски крило КУП – кое, исто така, е за независност од Шпанија, ја изрази својата поддршка за Арагонес веднаш по изборите на 14 февруари, но не се очекува да биде дел од владината коалиција.

Според соопштението, РКЕ и Јунтс Кат се извинија за долгиот процес на формирање влада и ветија дека „ќе управуваат за сите и ќе напредуваат во заедничката цел кон независност“

Трите сепаратистички партии освоија 74 од 135 места во регионалниот парламент на Барселона на изборите во февруари.

Антисепаратистичките социјалисти, кои поединечно освоија најмногу гласови, соопштија дека коалицијата ќе управува само „за половината од Каталонија“, објави „Ел Паис“.

Би можело да ве интересира

Каталонските сепаратисти одржаа голем митинг во Барселона пред разговорите со владата

Пуџдемон бара ослободителна пресуда за каталонските сепаратисти