Каталонските сепаратисти маршираат кон Барселона

Од:

Илјадници луѓе од пет каталонски градови денеска се собраа и се упатија кон Барселона, каде в петок е најавен генерален штрајк и масовни демонстрации.

Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „Слобода за политичките затвореници“ , алудирајќи на деветте каталонски претставници, кои се осудени на затворски казни поради улогата која ја имаа во обидот за отцепување на Каталонија во 2017 година.

Шефот на каталонската Влада, Квим Тора се придружи на еден од маршевите, истакнувајќи дека сака да биде со народот.

– Овие мирни маршеви што се случуваат ширум земјата (Каталонија) се најдобар одговор на каталонскиот народ на судската пресуда, посочи Тора.

Тој не го критикуваше насилството на улиците, како што тоа го направија другите политичари, дури и тие што се за независност.

Полицијата во Барселона соопшти дека на синоќешниот протест учествувале 40.000 демонстранти, а приведени се 51 човек, од кои 29 во провинцијата Барселона, 14 во Тарагона и осуммина во Лерида. Во синоќешните насилства повредени се 72 регионални и национални полицајци.

Анкетите покажуваат дека 7,5 милиони жители на Каталонија речиси подеднакво се поделени за независност и останување во рамките на Шпанија.

Врховниот суд на Шпанија на 14 октомври осуди девет поранешни каталонски политичари и активисти за човекови права на казни од девет до 13 години затвор поради нивната улога во неуспешното прогласување на независноста на Каталонија во 2017 година. Тројца други обвинети се прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни. Поранешниот претседател на каталонската Влада, Ориол Хонкурес е осуден на 13 години затвор заради бунт и злоупотреба на јавните фондови.

Би можело да ве интересира

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Најмалку 13 повредени во пожар во станбена зграда во Валенсија

Горан Наумовски