Каталонската Влада ја суспендира кампањата за референдумот за независност

Од:

Регионалната влада на Каталонија одлучи да ја суспендира работата на кампањата за референдумот за независност, што локалните власти го закажаа за 9 ноември и покрај противењето на централната шпанска влада во Мадрид.

Ваквата одлука ќе важи додека Уставниот суд на Шпанија ја испитува легалноста на декретот на регионалниот претседател Артур Мас за изјаснување на Каталонците околу иднината на овој регион.

Владата на премиерот Мариано Рахој побара интервенција од судот,инсистирајќи дека референдумот е противуставен.

Уставниот суд соопшти дека е потребно време за да се испитаат аргументите на двете страни околу законитоста на одлуката за покренување референдум, но до донесувањето на конечното решение,судот ги забрани сите активности околу референдумот,вклучувајќи ја и кампањата во регионот.

Во соопштението на каталонската влада се вели дека се прекинуваат сите работи околу организацијата и публицитетот за референдумот,но дека ќе се настојува да се преиначи судската одлука.

– Ние сме решени да се одржи предвидениот референдум, изјави портпаролот на каталонската влада Франциско Хорнс.

Влијателната лоби група за отцепувањер на Каталонија и разни сепаратистички групи и организации,организираа синоќа протести во Барселона против блокадата на референдумот што ја наложи шпанскиот Уставен суд.

Неколку илјада демонстранти кои носеа каталонски знамиња,а дел од нив и знамиња на Шкотска,бараа отцепување на Каталонија од Шпанија.

На протестот се собраа многу помалку луѓе отколку што тоа се очекуваше,што организаторите го објаснуваа со дождливото време.

 – Ниту дожд, ниту снег,а ниту суд не може да не спречи на нашиот пат кон независноста, изјави Карне Форкадел,лидер на лоби групата за отцепување,тврдејќи дека на 9 ноември ќе има гласање и на него ќе победи желбата за независност.

Би можело да ве интересира

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Најмалку 13 повредени во пожар во станбена зграда во Валенсија

Горан Наумовски