Каталонија: Одлука за референдум до 15. октомври

Од:

Регионалната Влада на Каталонија ќе одлучи до 15. октомври за одржување на референдум за независност од Шпанија, соопштија претставници.

– Не можеме за тоа да одлучиме на 7 или 8 ноември, рече портпаролот на Владата на Каталонија Франсеск Хомс.

Првично беше планирано референдумот да се одржи на 9. ноември, но со одлука на Уставниот суд, одлуката е запрена.

Регионалната Влада на Каталонија, меѓутоа, соопшти дека и натаму планира да одржи референдум, додека разгледува начини како да го убеди шпанскиот Уставен суд да ја укине времената забрана за гласање.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој се заложи пред два дена за дијалог со лидерите на Каталонија кои не се откажуваат од референдум за независност од Шпанија, наспроти противењето на Мадрид.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски