Каталонија ќе забрани пушење во автомобили, на стадиони и на автобуски станици

Од:

Владата на шпанската област Каталонија планира да го забрани пушењето во приватните автомобили, на стадиони и автобуски постојки, а новите закони може да влезат во сила следната година.

Забраната ќе важи не само за обичните цигари, туку и за електронските и други средства за пушење тутун. Новите правила се последица на наглото зголемување на бројот на пушачи во Каталонија. Од 1990 до 2017 година нивниот број беше намален на 24 отсто, но минатата година се зголемил на 25,6 проценти.

Заострувањето на правилата за пушење се применува во сите земји од ЕУ. Се забранува пушење на јавни места, се воведуваат нови акцизи на тутунските производи.

Париз го забрани пушењето во десетици паркови и градини, а Грција на некои плажи.

Би можело да ве интересира

Каталонскиот лидер заразен со коронавирус

А1он

Белгиски суд го одби барањето на Пуџдемон и Комин

Ана Ололовска

Каталонскиот премиер Ким Тора се обидува да договори датум за референдум за независност

Ана Ололовска

Шпанскиот премиер ги одлага преговорите за Каталонија по регионалните избори

Ана Ололовска

Ким Тора најавува предвремени избори во Каталонија

Ана Ололовска

Шестмина поранешни членови на каталонската влада на сослушување во Парламентот

Ана Ололовска