Каталонија дала 127.000 евра за промовирање на референдумот за независност во странски медиуми

Од:

Владата на шпанската автономна област Каталонија потрошила околу 127.000 евра за поддршка на референдумот за нејзината независност преку промовирање во светските медиуми, пишува денеска весникот „Мундо“.

Според мадридскиот весник, каталонскиот премиер Карлес Пучдемон има намера да ги приложи плановите на сепаратистите во Европскиот парламент во Брисел.

Тој ќе биде поддржан од уште неколку претставници на регионалната Влада.

Вчера, по иницијатива на каталонските власти два странски весници, италијанскиот „Кориере дела сера“ и францускиот „Монд“, поставија реклама за конференцијата, што е планирана за денеска, со учество на Пучдемон.

Во декември Уставниот суд на Шпанија го прогласи за неважечка резолуцијата, што беше одобрена од каталонскиот Парламент, за спроведување на референдум за независност на автономната област до крајот на септември.

Претходно, шпанскиот премиер Мариано Рахој истакна оти нема да дозволи спроведување на референдум за независност на Каталонија, бидејќи „така се посегнува по единството на Шпанија, националниот суверенитет и еднаквоста на Шпанците“.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски