Кастекс: Франција нема да воведе карантински мерки на национално ниво

Од:

Владата во Франција ја отфрла можноста за воведување рестриктивни карантински мерки на национално ниво во случај коронавирусот да продолжи да се шири.

Францускиот премиер Жан Кастекс изјави дека мора да се избегне целосно затворање на земјата, пренесува Би-Би-Си.

Тој оцени дека повторното затворање на државата, по двомесечниот карантин во периодот од март до мај годинава, ќе биде „катастрофално“ на економско и социјално ниво.

– Сега знаеме што би значело тоа – таквата мерка спречува да се шири пандемијата, тоа е сигурно, но на економско и социјално ниво, тоа е катастрофа, вклучително и за психолошкото здравје на некои наши сограѓани, рече Кастекс.

Тој нагласи дека превенцијата и натаму е приоритет.

– Дури и ако бројот на (потврдени) случаи почне да расте, просекот на позитивни тестови и натаму е мал во споредба со соседните земји. И бројот на приеми во болниците е под контрола, рече Кастекс.

Француските власти велат дека евентуалните нови рестриктивни мерки за карантин ќе се сведат на локално ниво каде што постојат жаришта.

– Ќе се приспособиме, порача Кастекс.

Француските здравствени власти предупредија за зголемување на бројот на заразени меѓу младите луѓе.

Во Франција вкупниот бројот заразени со вирусот изнесува 185.196, починати се 30.228 лица, а бројот на пациенти на интензивна нега опаѓа.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден