Касјанов: Со уставните измени Путин сака да си ја зголеми моќта

Од:

Рускиот опозициски политичар и поранешен премиер Михаил Касјанов остро го критикуваше предлогот на претседателот Владимир Путин за измена на Уставот, истакнувајќи дека тоа е обид за зголемување на моќта.

Постојат 22 амандмани. Два се така наречени „социјални“.

Другите 20 се поврзани со една работа – јакнење на претседателската моќ, изјави Касјанов, кој беше руски премиер од 2000 до 2004 година, за радиото Ехото на Москва.

Путин уставните измени ги предложи минатиот месец во својот говор за состојбата на нацијата.

Путин (67) како претседател и премиер е веќе две децении на власт, а актуелниот мандат му истекува во 2024 година.

Тој е најдолговечен руски или советски лидер уште од времето на Јосиф Сталин.

Некои од амандманите на Уставот што се разгледуваат би можеле да му овозможат на Путин да ја задржи власта и по истекот на сегашниот мандат, како премиер со проширени овластувања, доживотен сенатор или лидер на советодавниот Државен совет.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски