Карол Гон за Паризиен: „Мојот сопруг ќе ја изнесе вистината“

Од:

Сопругата на поранешниот шеф на Рено-Нисан, Карол Гон во интервјуто за „Паризиен го опишува нивното повторно пронаоѓање и ги споменува борбите кои ја чекаат брачната двојка, јавува дописникот на МИА.

Во пресрет на конференцијата за печат на Карлос Гон, неговата сопруга дава контролирана медиумска секвенца, но полна со емоции. Во колоните на Паризиен, кои се сретнаа со неа во еден хотел во Бејрут, Кароле се навраќа на неверојатното бегство на нејзиниот сопруг, како и на медиумските и правните битки што ги чекаат.

Поранешната модна дизајнерка започнува со истакнување на условите за живот на нејзиниот сопруг во Јапонија, особено за време на неговиот притвор. „

– Ќелијата на Карлос беше веднаш до онаа на криминалците, терористите, масовните убијци. Се сретнав со Јакузи, тие се застрашувачки со нивните тетоважи, вели таа.

Пред да продолжаи со епизодата на спектакуларното бегство на бившиот шеф на Рено-Нисан:

– Не бев свесна за ништо. Бев во Бејрут со моите деца за да го славам Божиќ, некој ми се јави да ми каже дека има изненадување за мене, тоа беше најубавото во мојот живот. Завршивме во станот на моите родители, го гушнав силно во моите раце Карлос, најмалку пет минути пред да можам да кажам нешто . Таа забележува дека цело време се држат за рака, , бидејќи повторно се нашле.

Запрашана за важноста на ова бегство, Карол Гон не се двоумеше ниту еден момент да го одбрани изборот на нејзиниот сопруг:

– Секако! заминувањето беше неговиот единствен избор, кога неговото судење беше одложено на неодредено време и тој беше задржан во услови на лишување од слобода со цел да го дехуманизираат. Карлос немал намера да се изјасни за виновен за работи што не ги направил, но треба да се знае дека во јапонскиот правен систем 99,4% од обвинетите се осудени доколку не го направат овој избор, вели таа.

Дополнителна неправда за неа е, „извршената превентивна казна не се пресметува во евентуалната казна!“, што значи дека престојот на Карлос Гон во притворот не може во никој случај да ја скрати можната затворска казна. Таа самата е под потерница што ја издаде Јапонија, „одмазда на обвинителите“ вели истата.

Карол Гон се фокусира на следните денови, кои се од капитално значење за брачната двојка. Карлос Гон исто така започнува маратон за медиуми: тој навистина планира да зборува на прес-конференција, но исто така ќе даде бројни интервјуа, закажани оваа недела. „

– Денес, мојот сопруг ќе може да се објасни, да се брани. Тој е напнат, тоа е нормално. Тоа е најважниот говор во целиот негов живот!, подвлекува таа.

– Тој ќе ја изнесе вистината. Не, ниту една секунда не се сомневав во мојот сопруг, жртва на индустриска завера во војната меѓу Рено и Нисан, заврши таа, давајќи индикации за позицијата која нејзиниот сопруг ќе ја има за време на прес-конференција.

Што се однесува до иднината и местото на живеење што го избра Карлос Гон, таа не кажува ништо. Враќање во Франција е можно, во отсуство на екстрадиција кон Јапонија и покрај досиејата што го чекаат и таму. Но, за момент, парот останува во Либан.

– Либанците имаат големо срце, тие не ги напуштат своите, заклучува Карол Гон.

Би можело да ве интересира

Владо Јаневски – бренд амбасадор на NISSAN QASHQAI

Нисан вложува над милијарда евра во фабрика за електрични возила во Англија

Ана Ололовска

САД испорача во Јапонија татко и син што наводно му помогнале на директорот на Нисан да избега во Либан

Жарко Настоски

Поранешната министерка Рашида Дати за совети наплатила 900.000 евра од Карлос Госн

Ана Ололовска

„Нисан“ годинава ја очекува најголемата загуба во својата историја

Жарко Настоски

Поради големите загуби „Нисан“ ја затвора фабриката во Барселона

А1он