Карл Албрехт е најбогатиот Германец

Од:

Богатите Германци и покрај должничката и евро кризата, постанаа уште побогати. Минатата година вкупниот имот на 100-те најбогати Германци од 307, пораснал на 324,6 милијарди евра.

Врвот на „златниот брег“ му припаѓа на семејството Алди, Карл Албрехт (92) кој е најбогат Германец со 17,2 милијарди евра, додека на второто место се неговите роднини Бертхолд (58) и Тео (62) кои имаат по 16 милијарди евра.

На третото место е Дитер Шварц, со 12 милијарди евра, на четврто семејството Рајман со 11 милијарди евра, а на петото место е сопственичката на БМВ и Алтан, која и понатаму е најбогата Германка, со имот проценет на девет милијарди евра.

Според „Менаџер“ магазинот, на шестото место е семејството Ото со имот проценет на 8,2 милијарди евра, на седмо- семејството Вирт со 8 милијарди, осмо место се братот и сестрата Гинтер и Данијела Херц чија инвестициска куќа вреди седум милијарди евра, а порано биле сопственици на ланец маркети „Чибо“.

На девето место е семејството Еткер- 6,9 милијарди, а на десетото е Штефан Квант, брат на Сузан Калтен- сопственичката на БМВ, со 6,6 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски