Карим Кан е новиот главен обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Од:

Претставници на 131 земја-членка на Меѓународниот кривичен суд синоќа во Њујорк одлучија британскиот адвокат Карим Кан да биде новиот главен обвинител на Трибуналот за воени злосторства, кој ќе ја замени Фату Бенсуда кога ќе и истече деветгодишниот мандат подоцна оваа година.

Кан кој ја вршеше функцијата помошник генерален секретар на Обединетите нации и неодамна водеше специјална истрага на ОН за злосторствата на Исламска држава, победи во вториот круг гласање и ја доби поддршката од 72 од 131 земја, па во јуни 2021 година ќе го започне својот деветгодишен мандат во Хаг.

Првата задача на Кан, кој е експерт за човекови права, е да обезбеди повеќе пресуди и со тоа да го зголеми легитимитетот на судот меѓу многу земји-членки на ОН кои одбиваат да ја признаат неговата надлежност, како што се САД, Израел, Русија и Кина.

Би можело да ве интересира

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа

Обединетите нации нема да учествуваат во присилното раселување на Палестинците

Катерина Ѓуровски

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Меѓународниот суд на правдата ќе донесе важна одлука за Украина и Русија

Советот за безбедност на ОН денеска повторно ќе се обиде да гласа за Газа